АД ВОДОСТПОАНСТВО НА ПРОТЕСТ

На 2-ри септември 2022-ра година пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ на ул. Аминта Трети бр. 2 – Скопје, работниците од АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост Скопје ќе организираат протест во период од 15 до 17 часот, во соработка со Агро-Синдикат и  Сојузот на синдикати на Македонија.

Работниците од АД Водостопанство се на работ на егзистенцијата!

Немаат земено 3 плати!

Немаат здравствено осигурување!

Како акционерско друштво во државна сопственост, работниците се комплетно разочарани од игнорантскиот однос на државните органи кои дозволија цели три месеци да ги остават без леб и лекар работниците кои цела држава ја снабдуваат со вода.

Државниот врв со месеци ги убедува дека утре ќе има пари, само уште нешто да се изгласа, само уште нешто да се пресмета…

Тоа УТРЕ никако да дојде!

Затоа УТРЕ, на протестот пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство директно ќе му кажат на Министерот и целиот државен врв, дека повеќе вака НЕ СЕ ИЗДРЖУВА и дека ТИЕ СЕ ДОЛЖНИ да го исплатат вложениот труд!

Останати вести

“онлайн-казино С Моментальным Выводом Денег Проверенные Сайты С Быстрыми Выплатами На Карту, Топ Игровые Автоматы в 2025 Году

Онлайн Казино пиппардом Моментальным Выводом денежек И Гарантией выплат Content Честные И непонятные Условия Игры Проверенные Игровые Автоматы С добрыми

Повеќе »