УСЛУГИ
Изминативе шест децении, Агро-Синдикатот им помагаше на своите членови во заштитата и унапредувањетона нивните работнички права, односно:
- редовна исплата на плата соодветна на трудот
- работникот да биде пријавен и легално вработен
- редовно плаќање на придонесите за пензиско и здравствено осигурување
- плаќање на додатоците, надоместоцитена плата и трошоците поврзани со работата
- користење на дневен, неделен и годишен одмор
- подобри услови за работа, живеење, животна средина
- да обезбеди услови за безбедност и здравје при работа
- бесплатна правна помош
- обезбедува поддршка од други работници (солидарност)
- организира заеднички акции(штрајк, протест, прекин на работа, сл.)
- преговара на сите нивоа
Со синдикатот, работникот е рамноправен преговарач за своите права и интереси и не е зависен од добрата воља на работодавачот
ЗОШТО ДА БИДАМ ЧЛЕН НА АГРО-СИНДИКАТ?
Затоа што без Агро-Синдикатот не би имале
- Колективни договори на ниво на гранка и на ниво на работодавач
- Годишно зголемување на платите
- Додатоци на плата за работа ноќе, прекувремено, на празник, во 3 смени, минат труд
- Исплата на регрес за годишен одмор
- Исплата на надоместоци на плата
- Регулирано работно време
- Годишен одмор над законскиот минимум
- Подобри услови за работа
- Заштита при
- Бесплатна правна помош и заштита
- Бесплатно право на синдикално образование
ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ
Агро-Синдикат е дел од национални, регионални, европски и светски сродни асоцијации
Агро-Синдикатот е еден од гранските синдикати здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Агро-Синдикатот е член и активен учесник во работата на меѓународните синдикални организации EFFAT (Европска Федерација на синдикати од прехранбената индустрија, земјоделството и туризмот) и IUF (Меѓународна синдикална федерација на националните синдикати за храна, пијалоци, тутун, хотели, ресторани, угостителство, трговија и услуги), како и Регионалниот Совет на синдикатите од Југоисточна Европа, каде се јавува како еден од основачите.
Агро-Синдикатот има добра соработка со синдикатите од сродните дејности во повеќе европски држави.