ЛЕССНО

“Градење на одржливи граѓански организации преку соработка и стратешко управување со лобирање со цел зголемена партиципативност во политиките и донесувањето на одлуки”- ЛЕССНО

Европски Проект РЕФ. Бр: 12-8664/1

Овој проект беше поддржан од Европската Унија, Европската Комисија, Понатамошен развој и финансиска стабилност на цивилното општество” Време за исполнување: 21/11/2015 – 21/02/2017

За проектот

Цели на проектот

Да се поддржи одржливоста на граѓанскиот сектор преку подобро партнерство и соработка меѓу граѓанските здруженија и синдикатите.   

Да се подобрат нивните вештини и знаења за застапување и стратешко управување преку лобирање со цел да се подобрат условите за заедничко донесување одлуки и креирање на политики на локално и на национално ниво, за застапување и стратешко управување со лобирање на граѓанските организации во ЛЕСС.

Анализа на состојбата: Анкета за оценување на учеството и соработката меѓу граѓанските организации во воспоставените ЛЕСС и идентификација на недостатоците во процесот, ниво на застапување/ вештини за лобирање и колку тие се применуваат. Информирање и распространување на проектните резултати: Национална конференција за валоризација на достигнувањата на проектот

Резултати

  •     Комплетна слика на состојбата во локално-економските совети – ЛЕСС.
  •     Подобрени вештини за застапување и стратешко управување со лобирањето на граѓанските организации во ЛЕС преку 5 обуки –  обучени 120 учесници и  25-30 општински службеници кои   се вклучени во процесот на ЛЕСС вклучени во обуките,     
  •     Организирани 4 работилници,  
  •     Развиена Стратегија за лобирање и вклучување на граѓанските организации во ЛЕСС,      
  •     Објавено Упатство за стратешко управување со лобирањето за граѓанските организации со влијание врз локалниот социјален економски развој. 

Целни групи

  •     Општините во Македонија;  
  •     Тела за регионален развој;  
  •     Социјалните партнери;  
  •     Владините институции кои се вклучени во процесот на градење на социјалниот дијалог на национално и локално ниво,  здруженија на граѓани и граѓани,  медиуми и др.

Активности

Промотивен настан на проектот Состаноци со фокус групи:

  •     Фокус група – ЛЕС Куманово
  •     Фокус група – ЛЕС Гостивар 
  •     Фокус група – ЛЕС Прилеп
  •     Фокус група – ЛЕС Штип    
  •     Фокус група – ЛЕС Тетово
  •     Фокус група – ЛЕС Струмица
  •     Фокус група – ЛЕС Ресен

Анализа на состојбата во локално-економските совети

ЛЕСС Методологија

Брошура – Нов практиен водич за лобирање

4 Работилници/Обуки

Завршна конференција

ПАРТНЕРИ ВО ПРОЕКТОТ

Агро-Синдикат Македонија

МНД - Македонско Научно Друштво - Битола

Гаус Институт - Битола