Потпишана спогодба за унапредување на Колективниот Договор во ТКП

Потпишана спогодба за унапредување на Колективниот Договор во ТКП

Традицијата на колективното договарање во тутунската индустрија, а особено во Тутунски Комбинат Прилеп, продолжува со несмалено темпо.
Со потпишувањето на новата спогодба за унапредување на Колективниот Договор во ТКП од страна на Генералниот Извршен директор на Комбинатот, Александар Алексовски, Претседателот на Агро-Синдикат, Игор Китаноски и претставници на синдикалната подружница во ТКП, се потврдува континуитетот на социјалниот дијалог и партнерството меѓу работниците и раководството.
Оваа спогодба претставува значаен чекор напред, со кој се зајакнуваат и прошируваат правата на вработените, односно синдикалните членови, обезбедувајќи подобри услови за работа и поголема сигурност.

Останати вести

Синдикални Игри 2026

СИНДИКАЛНИ ИГРИ 2026 Време е повторно да се собереме, да се натпреваруваме, да навиваме и, пред сè, да се дружиме! 

Повеќе »

Протест ССМ

ВРЕМЕ Е ЗА ПРОТЕСТИ, ВРЕМЕ Е ЗА УЛИЦА, ВРЕМЕ Е ЗА РАБОТНИЧКА БОРБА ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ! На 28 јануари, во

Повеќе »