Одржан Конгресот на Агро-Синдикат

Одржан Конгресот на Агро-Синдикат

На 7 јуни 2026 година успешно се одржа редовниот Конгрес на Агро-Синдикат – највисокиот орган на синдикатот, на кој учествуваа делегати од синдикалните организации од целата држава, претставници на ССМ и странските партнери и други гости.

Конгресот претставуваше можност да се направи сеопфатен осврт на работата на Агро-Синдикат во изминатиот мандат, да се разгледаат постигнатите резултати и да се дефинираат приоритетите за наредниот петгодишен период.

Во рамките на работниот дел беа разгледани и усвоени извештаите за работата на органите на Агро-Синдикат, финансискиот извештај и програмските определби за идниот развој на синдикатот. Делегатите дискутираа за актуелните предизвици со кои се соочуваат работниците во земјоделството, прехранбената и индустрија, тутунското стопанство и водостопанството, како и за можностите за понатамошно јакнење на социјалниот дијалог и колективното договарање.

Посебен акцент беше ставен на заштитата на работничките права, унапредувањето на условите за работа, развојот на капацитетите на синдикатот, како и на активното учество на Агро-Синдикат во национални и меѓународни иницијативи и европски проекти.

Во согласност со дневниот ред, Конгресот спроведе избор на органите на Агро-Синдикат за новиот мандат, со што беше потврдена определбата за континуитет, одговорно синдикално работење и понатамошно унапредување на организацијата.

Агро-Синдикат изразува искрена благодарност до сите делегати, членови, гости, партнери и пријатели кои со своето присуство и активен придонес помогнаа Конгресот успешно да се реализира.

Во наредниот период Агро-Синдикат ќе продолжи посветено да работи на заштита и унапредување на економските, социјалните и работничките права на своите членови, јакнење на социјалниот дијалог, развој на колективното договарање и реализација на активности и проекти кои придонесуваат за подобри услови за работа и достоинствен живот на работниците.

Заедно продолжуваме да градиме посилен, помодерен и пообединет Агро-Синдикат.

Останати вести

Протест ССМ

ВРЕМЕ Е ЗА ПРОТЕСТИ, ВРЕМЕ Е ЗА УЛИЦА, ВРЕМЕ Е ЗА РАБОТНИЧКА БОРБА ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ! На 28 јануари, во

Повеќе »

Синдикатите во ЈИЕ си ги споредија локалните проблеми: Состанок на Регионалниот синдикален совет на Југоисточна Европа на ЕФФАТ

Под покровителство на нашата европска организација EFFAT (Европска федерација на синдикати за храна, земјоделство и туризам) и домаќинот, хрватскиот синдикат

Повеќе »