Драги ја повика Европа да ја обработува целата достапна земја

Италијанскиот премиер Марио Драги ја повика Европа да го „обработи целото расположливо земјиште“, што го смета за делумно решение за намалување на увозот на земјоделски производи, особено руска пченица, поради војната во Украина, пренесува АП.

Драги потсети дека, според постоечките земјоделски практики во Европската унија, 10 отсто од земјиштето намерно е оставено необработено, но тоа мора да се промени за да се намали зависноста од увоз на земјоделски производи.

Останати вести