Потпишана спогодба за унапредување на Колективниот Договор во ТКП
Традицијата на колективното договарање во тутунската индустрија, а особено во Тутунски Комбинат Прилеп, продолжува со несмалено темпо.
Со потпишувањето на новата спогодба за унапредување на Колективниот Договор во ТКП од страна на Генералниот Извршен директор на Комбинатот, Александар Алексовски, Претседателот на Агро-Синдикат, Игор Китаноски и претставници на синдикалната подружница во ТКП, се потврдува континуитетот на социјалниот дијалог и партнерството меѓу работниците и раководството.
Оваа спогодба претставува значаен чекор напред, со кој се зајакнуваат и прошируваат правата на вработените, односно синдикалните членови, обезбедувајќи подобри услови за работа и поголема сигурност.



