Честит 4-ти Април, Денот на тутунските работници!

Овој значаен ден традиционално се одбележува во Тутунски Комбинат АД Прилеп со свечено доделување на јубилејните награди за 10, 20, 30 и 40 години работен стаж. Наградите ги врачи Генералниот директор на ТКП, како знак на благодарност за долгогодишната посветеност и труд на вработените.
Дополнително, од страна на синдикатот, Претседателот на синдикалната подружница на Агро-Синдикат во ТКП, Игор Китаноски, им додели награди на тројца најзаслужни работници од погоните Тутун, Цигари и Холдинг.
Денот го славиме со почит кон сите што со својот труд придонесуваат за успехот на тутунската индустрија.

Останати вести

Синдикатите во ЈИЕ си ги споредија локалните проблеми: Состанок на Регионалниот синдикален совет на Југоисточна Европа на ЕФФАТ

Под покровителство на нашата европска организација EFFAT (Европска федерација на синдикати за храна, земјоделство и туризам) и домаќинот, хрватскиот синдикат

Повеќе »