Синдикатите во ЈИЕ си ги споредија локалните проблеми: Состанок на Регионалниот синдикален совет на Југоисточна Европа на ЕФФАТ

Под покровителство на нашата европска организација EFFAT (Европска федерација на синдикати за храна, земјоделство и туризам) и домаќинот, хрватскиот синдикат ППДИВ, на 19 септември 2025 година во Загреб се одржа Регионалниот совет на синдикати за Југоисточна Европа.

Синдикатот на ППДИВ претседаваше со ова тело во последните три години и ова е трета година по ред состаноците да се одржуваат во Хрватска. Пред две години, состанокот се одржа во Трогир, а минатата и оваа година во Загреб.

Претседателот Игор Китаноски го претставуваше Агро-Синдикат, а на состанокот учествуваа претставници на синдикати од Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Турција, Хрватска и EFFAT. Состанокот беше поддржан од државниот секретар на хрватското Министерството за земјоделство, шумарство и рибарство, г-дин Иван Матијевиќ , државниот секретар на Министерството за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика, г-дин Маринко Лукенда и раководителот на Канцеларијата за социјално партнерство, г-дин Крешимир Север.

На состанокот се дискутираа клучните случувања и предизвици што влијаат на нашите сектори со цел понатамошно зајакнување на регионалната соработка и дефинирање на заедничките приоритети за иднината. Китаноски истакна дека Македонија е на дното во регионот според минималната и просечната плата, вклучувајќи го и земјоделството, водостопанството, тутунската и прехранбената индустрија. Работниците често се соочуваат со прекувремена работа без соодветна исплата, физички тешки услови и недоволна заштита при работа, а фрапантни 73,3 % од работниците примаат плата под просечната плата. Тој информираше и за неодамнешните активности на „жолтите синдикати“ и директните упади на овие, од владејачките структури раководени синдикати врз членството на Агро-Синдикат и на другите синдикати здружени во ССМ, каде со уцени и заплашувања членовите на Агро-Синдикат биле приморани да се зачленуваат во нивните синдикати.

На состанокот беа детектирани заедничките проблеми, и проектирани плановите за нивно надминување од синдикална перспектива.

Останати вести

Протест ССМ

ВРЕМЕ Е ЗА ПРОТЕСТИ, ВРЕМЕ Е ЗА УЛИЦА, ВРЕМЕ Е ЗА РАБОТНИЧКА БОРБА ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ! На 28 јануари, во

Повеќе »