Информирани и Искусни за Одржливо Земјоделство

” Подобрување на информираноста и консултативните капацитети на социјалните партнери во областа на земјоделството, за активно учество во работниот живот за одржливо земјоделство” 2012-2013

Европски Проект РЕФ. Бр: VP/2012/003/0046)

Време за исполнување: 01/09/2012 - 30/08/2013 Овој проект беше поддржан од Европската Унија, Европската Комисија, ГД “Вработување, Социјални прашања и Вклученост”

За проектот

Цели на проектот

Да ги проучува и анализира системите за информирање и консултирање на работното место во земјоделскиот сектор во земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати, со цел да се придонесе за развојот на вклученоста на вработените во земјоделските претпријатија за унапредување и предвидување промени во земјоделскиот сектор, кој е во состојба на постојана трансформација. Да ги ​​промовира активностите за подготовка при воспоставување на интернационални структури и механизми за информирање и консултирање и вклученост на вработените во земјоделството. Да се ​​поттикне размена на информации и добри практики за воспоставување на националните структури и механизми за информирање и консултирање, како и вклученоста во секторот земјоделство. Да се промовираат меѓународни мерки во корист на новите земји-членки и и земјите-кандидати кои ќе придонесат за поголема вклученост на вработените. Да се промовираат иновативни активности за управување со вклученоста на вработените, со цел да се помогне во процесот на предвидување промени, спречување и решавање на спорови во контекст на реструктуирања, спојувања, преземања итн на компани на ниво на ЕУ.

Резултати

  •   Студија за процесот на информирање и консултирање на работното место и ставовите и однесувањето во земјоделскиот сектор.  
  •   3 брошури – “Насоки и препораки за процесот на информирање и консултирање и вклучување на вработените во земјоделството” во 3 пилот земји – Бугарија, Романија и Македонија.
  •   Транснационална Брошура за информирање и консултирање во земјоделството.  
  •   Информирани и обучени 60 лица – синдикални активисти и претставници на работодавачите за механизмите за процедурите за информирање и консултирање.
  •   Завршна конференција “Активно учество и корпоративна одговорност за одржливо земјоделство”, консултации и медиумска кампања која ќе ги шири идеите на проектот и ќе направи притисок врз јавноста и донесувањето одлуки.

Целни групи

  •   Претставници на вработените и синдикални активисти – вклучени восоцијалниот дијалог во секторот. Посебен фокус на гранки: системи за наводнување, земјоделски претпријатија во аграрот, земјоделски задруги и организации на мали земјоделци.
  •   Претставници на организации на работодавачите од различни гранки на секторот, кои се вклучени во процесот на социјален дијалог и одговорни за развој на модерни индустриски односи и социјално/ корпоративно однесување.
  •   Претставници на вработените и синдикални активисти и претставници на организации на работодавачите кои работат на ниво на претпријатие.  
  •   Луѓето од руралните области.
  •   Претставници на медиумите.
  •   Други чинители засегнати од квалитетот на социјалниот дијалог.

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ

ПАРТНЕРИ ВО ПРОЕКТОТ

Агро-Синдикат Македонија

ФНСЗ Бугарија

Сојуз на земјоделските кооперации – Велико Трново

АГРОСТАР Романија

ИГБАУ Германија

АЗПБ – Бугарија

ФГА - ЦФДТ Франција

АЛПА Италија

ЕФФАТ - Европска федерација за храна, земјоделство и туризам