Грански колективен договор
ГРАНСКИ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА
ПРЕЧИСТЕНИОТ ТЕКСТ НА ГКД Е ОБЈАВЕН ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ БР. 3/2016
ПРЕЧИСТЕНИОТ ТЕКСТ ГИ СОДРЖИ:
- Основниот текст на ГКД објавен во Службен Весник на РМ бр. 175/2015 и
- Спогодба за утврдување на најниската основна плата (пресметковна вредност за единица коефициент) за најнизок степен на сложеност во дејностите земјоделство и прехранбена индустрија објавен во Службен Весник на РМ бр. 3/2016
Врз основа на член 32, став 5 од Уставот на Р. Македонија и членовите 203, 205, 206, став 2, 2010, став 1 и 217 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр. 74/15), Синдикатот на работниците од агро-индустрискиот комплекс на РМ – Агро Синдикат и Здружението за земјоделие и прехранбена индустрија при Организацијата на работодавачи на Македонија, на 24.12.2015 година склучија
ГРАНСКИ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ТУТУНСКОТО СТОПАНСТВО
ПРЕЧИСТЕНИОТ ТЕКСТ НА ГКД Е ОБЈАВЕН ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ БР. 137/2016
Организацијата на работодавачи на Република Македонија, здружение за тутунско стопанство и Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на Република Македонија – Агро Синдикат врз основа на член 21 од Колективниот договор за изменување и дополнување на Колективниот договор за вработените од тутунското стопанство на Седницата одржана на 23.6.2016-та година, утврдија пречистен текст на Колективниот договор за вработените од тутунското стопанство. Пречистениот текст на Колективниот договор за вработените од тутунското стопанство ги опфаќа: Колективниот Договор за вработените од тутунското стопанство („Сл. весник на РМ“ бр. 115/14), и Спогодбата за продолжување на Колективниот договор за вработените од тутунското стопанство од 23.6.2016-та година.