Тутунски Комбинат Прилеп го одбележа 4ти април – Денот на тутунските работници

И после 150 години постоење, Тутунски Комбинат АД Прилеп, најстарата активна македонска компанија и една од најстарите на Балканот, годинава традиционално го одбележува 4-ти април, денот на тутунските работници.

Формиран во 1873 година кога бил изграден првиот магацин за тутун во Прилеп од страна на Отоманската управа на монополот, Комбинатот доживеал големи промени, подеми и падови, но успеал да ги помине сите предизвици и да опстои со својата дејност.

Со светскиот гигант во тутунската индустрија Филип Морис Интернешнел (ФМИ) во 2014 година беше склучено стратешко партнерство и беше формирана заедничка компанија Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП), што претставува спој на традицијата и експертизата на двете компании. Партнерството со Филип Морис Интернешнел допринесе за почеток на модернизација на производството.

Денес, традиционално како и секоја година на денот на тутунските работници, се доделуваат јубиларни награди за 20 години работен стаж во компанијата од страна на раководството, додека од страна на Синдикалната организација се доделуваат пригодни награди на најдобрите работници за изминатата година во трите погони – Погон Цигари, Погон Тутун и Холдинг.

Останати вести