Секторски Социјални Осигурителни Шеми во Земјоделството

“Промовирање на социјалниот дијалог во земјоделскиот сектор во новите земји-членки за развивање на секторска социјална шема во однос на борбата против несигурните работни места, сиромаштијата и социјалната исклученост на земјоделските работници” 2013-2014

Европски Проект РЕФ. Бр: VS/2013/001/0407

Овој проект беше поддржан од Европската Унија, Европската Комисија, ГД “Вработување, Социјални прашања и Вклученост”

Дали сте знаеле дека?

Системите за социјална заштита во рамките на Европската унија се засноваат на идејата за солидарност и достоинство во општеството. Тие се за заштита на луѓето против заканата од сиромаштија, произлезена од невработеноста, губење на работните места по реструктуирањето или други економски ограничувања, пензионирање, лошо здравје и инвалидитет, родителски одговорности, старост или губење на родител. Тие, исто така, треба да гарантираат пристап до витални услуги за осигурување на пристоен животен; стандард, слобода на движење, недискриминација и еднаквост и интеграција во општеството. Но, во денешно време (2013), тие се предмет на притисок и се соочуваат со предизвици предизвикани од менување на природата на работата, зголемување на невработеноста, стареењето на населението, нова родова рамнотежа на работната сила, рушење на семејните структури, миграцијата и слободното движење, итн.

Земјите-членки се одговорни за организацијата и финансирањето на системите за социјална заштита. Сепак, ЕУ има специфична улога во обезбедувањето на заштитата, преку имплементација на отворениот метод на координација, на луѓето да им е загарантирана социјалната сигурност. Земјоделскиот сектор е во нова фаза на преструктурирање и се менува, што најмногу влијае на работниците. Секторот е познат по неатрактивни работни места - со ниски примања, со неповолни услови за работа, ниско-квалификувана и ниско-мотивирана работна сила, сезонски карактер на вработување, несигурна работа, и ниска покриеност на системите за социјално осигурување. Сето тоа предизвикува директно и индиректно влијание врз социјалните права, социјалната заштита и благосостојбата на граѓаните и работниците. Создава јаз во системот и е безбедносен ризик за самите работници и за нивните семејства. Работниците и вработените во секторот се жртви на долготрајна финансиска нестабилност на системот на социјална заштита. На сметка на оваа празнина потребна е одговорна политика, создадена и имплементирана од страна на сите клучни играчи.

Социјалниот дијалог и индустриските односи, кои повеќе од 50 години се развивани во земјоделскиот сектор, даваат инструмент за барање и наоѓање на решенија за подобра социјална сигурност за заштита на работниците и вработените во овој сектор. Социјалните партнери во секторот имаат можност да ги мобилизираат граѓанската и социјалната енергија и моќ, за надминување на предизвиците во системот на социјална заштита во секторот, низ дебатирање и развој на одделни шеми за социјално осигурување, врз основа на среднорочни и долгорочни политики во корист на вработените и засегнатите работници и општеството воопшто. Постојните примери на добра практика во социјалната заштита во некои од старите земји-членки можат да се изучуваат и промовираат на новите земји-членки и земјите-кандидатки, кои ќе обезбедат подобар пристап до системот за социјално осигурување на вработените во земјоделството.

За проектот

Цели и задачи

  •    Зајакнување на капацитетот на синдикатите и организациите на работодавачи во земјоделскиот сектор, со цел да се зајакне нивната улога и учество во процесот на донесување одлуки за имплементација и почитување на целите на Обновената Социјална Агенда.
  •    Промовирање консултативни процедури меѓу клучните играчи на  национално ниво во новите земји-членки, за да се иницира дискусија за воспоставување на шеми/фондови за социјално осигурување, со цел да се промовира општествената солидарност и поттикнување на социјалната инклузија и интеграција, учество и дијалог, и борба против сиромаштијата како општествено одговорен одговор кон вработените.
  •    Поттикнување активна јавна дебата и информирање на социјалните партнери во земјоделството за можните решенија/ мерки, донесени на европско ниво и нивна имплементација на национално ниво

Резултати

  •     Аналитичка студија/ анализа на состојбата на системите за социјална заштита во Европската унија со фокус на земјоделството. 
  •     Национални извештаи од страна на секоја земја партнер и Национални акциони планови за заеднички активности на социјалните партнери. 
  •     Транснационална Брошура за добри решенија за развој на ефикасни ССШ во земјоделството. 
  •     Зголемен капацитет на социјалните партнери во секторот во врска со прашањата и правата на социјалното осигурување.
  •     Подобрување на ефикасноста на социјалниот дијалог и поттик за процесот во новите земји-членки и земјите кандидати.  
  •     Зајакнување на транснационалната солидарност и соработка.
  •     Масовна информациска и медиумска кампања за истражување и обликување на јавното мислење за “жешките” социјални прашања во земјоделството.

ПАРТНЕРИ ВО ПРОЕКТОТ

Агро-Синдикат Македонија

ФНСЗ Бугарија

БААП  - Бугарско здружение на земјоделски производители

КЖИ Словенија

АГРОСТАР Романија

ОСЗПВ - АСО Чешка Република

3Ф Данска

ИГБАУ Германија

ФГА - ЦФДТ Франција

АЛПА Италија

ЕФФАТ - Европска федерација за храна, земјоделство и туризам

Создадена е платформа за вистинска размена на искуства и подигнување на свеста, како и мобилизација на националните социјални партнери во овој сектор, кои директно влијаат на корисниците – работниците и работодавачите, самовработените и оние кои имаат несигурна работа во секторот. Проектот го промовира социјалниот дијалог на секторско ниво, како што е поставен во Договорот. Претставува скромен придонес во огромната сработена работа од страна на социјалните партнери во Европскато Земјоделство – EFFAT и GEOPA – и чекор напред во 50–годишниот процес на социјален дијалог и соработка.

Познавањето, методологија и добриот работен пристап за развој на партнерството – исто така може да ги инспирира другите сектори или региони за активности за борба против сиромаштијата и социјалната неправедност.