Рајз АП

Теренски акции, иновативни пристапи и ангажман на клучните страни за справување со непријавената работа ” 2017-2019

Европски Проект РЕФ. Бр: VS/2017/0320

Овој проект беше поддржан од Европската Унија, Европската Комисија, ГД “Вработување, Социјални прашања и Вклученост”

Значајни информации

Земјоделството традиционално е сектор со висок процент на непријавена работа поради сезонскиот карактер и поради ангажирањето на работниците на дневна основа. Според ЕУРИСПЕС (приватна италијанска асоцијација која се занимава со политички, економски, социјални и образаовни истражувања), во 2014 година во Италија имало 32% непријавена работа во земјоделството, наспроти 15,4% во градежништвото. Според ИСТАТ, непријавено работат 43% од работниците во земјоделството, меѓу кои 400.000 во Италија, од кои 100.000 се странци и кои се предмет на експолоатација и живеење во суб-стандардни и нехигиенски услови. Платата на овие непријавени работници-странци кои работат на “црно” најчесто доаѓаат од земјите на вклучените ко-апликанти и соработници во Проектот (Бугарија, Македонија, Романија, Србија), е пониска за 40% од платата на италијанските работници за работа од 10-12 часа дневно и влијае на намалување на цената на трудот. Нелегалното вработување на земјоделски работници-странци се одвива со посредништво на т.н. ,,капоралато,, кој зема проценти од нивната заработка. За време на сезоната, овие работници живеат во гето во внатрешноста на Италија, надвор од градовите, во затворени заедници и се невидливи. Работниците-странци ретко доаѓаат во контакт со синдикатите или локалните институции, и може да се каже дека не постои нивна интеграција. Кога ќе заврши сезоната во определен регион, овие работници се селат во друг регион, каде започнува друга сезона, повторно со посредништво на т.н. \"капоралато\".  Улогата на посредникот е важна, затоа што доаѓа од истото село, географскиот регион или земјата од каде што се регрутираат работниците. Исто така, оваа улога има функционално место во синџирот на организација на трудот помеѓу работникот и работодавачот. За двете страни, посредникот е погоден, бидејќи може брзо да организира и преместува голем број работници од едно поле на друго. За време на активната сезона \"капоралато\" може да управува со 9-10 илјади работници, што овозможува да се пресметаат парите што ротираат во сивиот дел од економијата од оваа активност. 

Според официјални податоци, вкупниот број на македонските иселеници во Италија изнесува 78.424 граѓани заклучно со 31.12.2013 година, со што РМ се наоѓа на четврто место според бројот на иселеници од регионот на Југоисточна Европа. Најголем дел од иселениците живеат во северо-источниот дел на Италија, 33.909, потоа следува централна Италија со 24.604 иселеници и северо-западна и јужна Италија со 13.391, односно 6.238 иселеници од РМ. 

Македонија и Италија склучиле Договор за социјална сигурност, потпишан во Скопје на 25 јули 2014 година, ратификуван од македонската страна на 27 октомври 2014 година. Овој договор за социјална сигурност не стапил во сила и не се применува во односите меѓу двете држави, бидејќи не е ратификуван во Италија и во односите меѓу Македонија и Италија сѐ уште важи и се применува Конвенцијата за социјално осигурување помеѓу Република Италија и Народна Федеративна Република Југославија, потпишана на 14 ноември 1957 година.  

Од страна на Македонија постои иницијатива за склучување на Билатерален договор за сезонска работна сила со Италија - трудова миграција, како резултат на фактот дека во Италија работат поголем број на македонски работници. Покрената е иницијатива за потпишување на Меморандум за соработка во областите на трудот и социјалната политика меѓу двете држави (нацрт-меморандумот до италијанската страна е доставен на 22.02.2015, но во 2019-та госина, се’ уште немало одговор). 

Во Македонија, според поновите истражувања (Џекова, 2014), уделот на непријавена работа во земјоделството е значителен. Од 2017-та година па наваму, преземени се мерки од трудовата област за намалување на непријавената работа со фокус на стимулирање на вработување во формалната економија. Кога се зборува за справување со непријавената работа, во Македонија акцентот сѐ уште е ставен на зачестени контроли и инспекции. https://www.facebook.com/watch/?v=387590102190296

За проектот

Цели и задачи

Вклучување во стратешки одлуки и развивање на флексибилни политики и мерки кои ќе придонесат кон справување со непријавената работа во земјоделството во земјите на апликантите и соработниците на проектот. За постигнување на оваа цел треб да се создадат поефективни мерки за намалување на непријавената работа, активности за зајакнување на пријавената работа, зајакнување на капацитетот на заинтересираните страни, за да се одговори на општествените барања и слично. Во времетраење од 18 месеци, се разви активна прекугранична соработка на апликантите и соработниците, со организирање на студиски посети и работилници во Италија, Бугарија и Македонија, дизајнирање на конкретен план и активности, веб страна, он-лајн платформа со он-лајн материјали за учење и медиумска покриеност. Проектот на Twitter: https://twitter.com/RaiseUpEu Проектот на Facebook: https://www.facebook.com/RaiseUpEuProject/

Активности

На 18.04.2018 година во Скопје се одржа првата работилница на која беше промовиран проектот RAISE UP. Од страна на Агро-Синдикатот, пред номинираните претставници на Министерството за труд и социјална политика на РМ (МТСП), Министерството за надворешни работи на РМ (МНР), Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), Државниот завод за статистика (ДЗС), Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ) и Државниот инспекотрат за труд (ДИТ), се презентираше проектот. Проектот има за цел вклучување на сите заинтересирани страни во стратешки одлуки и развивање на флексибилни политики и мерки кои ќе придонесат за справување со непријавената работа во земјоделството во земјите на проектните партнери, Италија, Бугарија и Македонија.

Од 9 до 11 мај 2018 година, во Пловдив, Бугарија, се одржа првата Транс-националната работилница и посета на терен. Работилницата беше поделена на три тематски панели, кои ги обработија темите за непријавената работа во земјоделството, спречување и борба против непријавената работа и иднината на земјоделските работници. На работилницата учествуваа претставници на институции, работодавачи, невладини организации и медиуми од Бугарија, проектните партнери и гости од синдикалното партнерство со Германија, Австрија, Чешка Република, Србија и Белгија. Теренската посета и средбите со работници во регионот на Пловдив, се одвивше под мотото \"Време е! Пристојни исплати и пристојни услови за работа на секое работно место!\", со која се испрати порака за солидарноста и силата на работниците против еродирањето на правата и достоинството на работниците. Повеќе за оваа работилница можете да прочитате овде.https://www.fnsz.org/index.php/bg/proekti/deistvashti/proekt-raise-up/511-ikonomicheskata-i-sotzialna-tzenata-na-truda-i-zaplashtaneto-v-sektor-zemedelie-vreme-e-za-povishenie-2

Во рамките на Проектот RAISE UP, од 23 до 27 јули 2018 година, се одржа вториот настан, Транс-националната работилница во областа на Таранто (регионот Апулија) во Италија, каде што има многу романски и бугарски сезонски работници – мигранти. Активностите беа насочени директно на терен “Sindacato di Strada”, со цел да се допре до сезонските работници, давајќи им основни информации за работничите права. На Транс-националната работилница учествуваа проектните партнери и претставниците на романската амбасада и конзулат во Италија.

Во периодот од 13-ти до 15-ти септември 2018 година, во хотел Монтана во  Крушево, Агро-Синдикатот организираше втората национална работилница со работна група  составена од искусни членови-синдикалци – членови на Претседателството,  Советот и Секцијата на жени на Агро-Синдикатот, правници и надворешни  соработници, експерти од трудовото право. Работната група работеше на  подготвка на сугестии и коментари на новите драфт верзии на ЗРО и Закон  за синдикати, здруженија на работодавачи и колективното договарање

Во рамките на проектот се одржа транс-национален настан кој траеше 3 дена (од 2-ри до 4-ти октомври, 2018-та година) и опфати повеќе теренски локации во Македонија, во присуство на сите проектни партнери и соработници, како и претставници на македонски институции.  

 

Ден 1: 02.10.2018

Транс-национална работилница за непријавена работа во земјоделството во која учествуваа партнерите на проектот и претставници на македонските институции. Работилницата беше поделена на два тематски панели. Првиот панел беше посветен на непријавената работа во Македонија, а вториот на непријавената работа во Европската Унија, односно во Италија и Бугарија. 

 

Ден 2: 03.10.2018

Теренска посета и средби со сезонски работници 

 

Ден 3: 04.10.2018

Состанок на управувачкиот комитет на проектот каде се дискутираа досегашните достигнувања и идните активности. Како резултат на успешната реализација на работилниците кои беа предвидени да се одржат во Македонија, која ги надмина првичните очекувања

Од 9-ти до 11-ти ноември 2018-та година, во хотел Маива во Охрид, Агро-Синдикатот ја организираше третата работилница во соработка со двајца надворешни соработници, експерти од областа на трудовото право, на која присуствуваа триесет членови од повеќе синдикални подружници на Агро-Синдикатот. Оваа работилница беше продолжение на втората национална работилница, на која се подготви финалната верзија на сугестии и коментари на новите драфт верзии на ЗРО и Закон за синдикати, здруженија на работодавачи и колективното договарање.Документот произлезен од двете национални работилници се достави до ССМ и до  ресорното министерство во текот на месец ноември 2018 година на  натамошно разгледување од надлежните институции.

На 19-ти и 20-ти март 2019-та година, во хотел Монтана во Крушево, се одржа првата “Пилот” работилница од проектот Raise up, која имаше за цел поврзување и вмрежување на засегантите институции за размена на информации и податоци во однос на сезонската работна сила во земјоделството, како и понуда на конкретни мерки за надминување на состојбите. “Пилот” работилницата ги даде очекуваните резултати, односно се детектираа  потребите од размена на информации и податоци помеѓу учесниците и  неусогласеноста на регулативата, која создава невоедначена примена од страна на институциите. На работилницата присуствуваа претставници од институциите во државата  од МТСП, МНР, ДИТ, АВРМ, ФЗОМ, УЈП, Кабинет на Вицепремиерот за  економски прашања, како и синдикални претставници на Агро-синдикатот и  дел од тимот на проектот Raise up.

На 4 април 2019 година во Бари, Италија се одржа завршната транс- национална работилница, на која се разговараше за иновативните приоди кон справувањето со непријавената работа во земјоделството и кои се следните чекори на делување. На работилницата присуствуваа Генералните конзули на Романија и Бугарија во Италија, високи претставници на регионот Апулија одговорни за земјоделството и пазарот на трудот, претставник на ЕФФАТ, претставници на проектните партнери и гости од синдикалното партнерство со Германија и Австрија. Повеќе за завршната конференција можете да прочитате овде. https://www.fondazionemetes.it/raiseup-final-conference

На 10, 11 и 12 јуни 2019 година, во хотел Манастир во Берово, се одржа втората “Пилот” работилница од проектот Raise up, која имаше за цел поврзување и вмрежување на засегантите институции за размена на информации и податоци во однос на сезонската работна сила во земјоделството, како и понуда на конкретни мерки за надминување на состојбите.  “Пилот” работилницата ги даде очекуваните резултати, односно државните институции ги детектираа пропустите и започнаа да размислуваат за воспоставување на нови институционални и административни мерки и механизми, за подобра соработка помеѓу нив и размена на информациите.  На оваа пилот работилница, синдикалните колеги од ФНСЗ Бугарија ги преставија добрите практики на Бугарија во однос на трудовото законодавство и еднодневните договори за сезонските работници.  На работилницата присуствуваа претставници од институциите во државата од МТСП, ДИТ, ПИОМ, МЗШВ, ФЗОМ, синдикални претставници на ССМ и Агро-синдикатот и ФНСЗ од Бугарија.

Резултати

  •     Аналитичка студија/ анализа на состојбата на системите за социјална заштита во Европската унија со фокус на земјоделството. 
  •     Национални извештаи од страна на секоја земја партнер и Национални акциони планови за заеднички активности на социјалните партнери. 
  •     Транснационална Брошура за добри решенија за развој на ефикасни ССШ во земјоделството. 
  •     Зголемен капацитет на социјалните партнери во секторот во врска со прашањата и правата на социјалното осигурување.
  •     Подобрување на ефикасноста на социјалниот дијалог и поттик за процесот во новите земји-членки и земјите кандидати.  
  •     Зајакнување на транснационалната солидарност и соработка.
  •     Масовна информациска и медиумска кампања за истражување и обликување на јавното мислење за “жешките” социјални прашања во земјоделството.

Галерија од работилници

ПАРТНЕРИ ВО ПРОЕКТОТ

НОСИТЕЛ НА ПРОЕКТОТ

ФЛАИ ЦГИЛ Италија - Федерација на работници во агроиндустрискиот комплекс на Италија

КО-АПЛИКАНТИ

Агро-Синдикат Македонија

ФНСЗ Бугарија - Федерација на независни синдикати во земјоделството

ГЛИ ЕА Бугарија - Извршната агенција на генералниот трудов инспекторат

АЛПАА Италија - Здружение на работниците и производителите во агро-прехранбената индустрија.

СОРАБОТНИЦИ

ЕФФАТ - Европска федерација за храна, земјоделство и туризам

АГРО-ФРАТИА Италија - Национално здружение на работниците во земјоделството, прехранбената индустрија и индустрии поврзани со нив,

ППДИВ Србија - Самостоен синдикат на вработените во земјоделството, прехранбената индустрија, тутунската индустрија и водостопанство,

ИГС - Генерална дирекција на политиките на земјоделската, прехранбената и шумарската индустрија – област кампанија и планински инспекторат на Романија.