Општ колективен договор од областа на стопанството

Со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството се уредуваат и доуредуваат правата, обврските и одговорностите од работните односи или во врска со работните односи во стопанството на РМ, како и начинот и постапката за решавање на меѓусебните спорови. Овој колективен договор се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор. Со колективен договор на ниво на гранка односно оддел, како и на ниво на работодавач, можат да се утврдат и други и поголеми права и обврски, покрај утврдените со закон и овој колективен договор. Текстот на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството можете да го погледнете со притискање на копчето “Комплетен преглед”.