Одржани првите синдикални игри на Агро-Синдикат!

Во хотелот Десарет, Охрид од 26 до 29 октомври 2023 година се одржаа првите синдикални игри на Агро-Синдикат, организирани заради рекреација, дружење и меѓусебно запознавање на членовите на Агро-Синдикат,  како и развивање на натпреварувачкиот дух.

Право на учество имаа сите членови, без ограничување на возраста.

На игрите учествуваа 10 подружницина Агро-Синдикат, а главниот судија го позајмивме од Синдикатот СРСВМ, Миќо Стојановски, на кој бескрајно сме му благодарни!

Спортувавме, ферски се натпреварувавме, па на крај заеднички славевме и пеевме…

КОЈ БЕШЕ НАЈУСПЕШЕН?

Резултати, поени и пехари

Секоја синдикална подружница на Агро-Синдикат имаше своја женска, машка и мешана екипа.

Постоеа и екипи на кои и фалеше член за да бидат комплетни, за што останатите подржници солидарно позајмуваа од своите редови, за секој да има шанса да се натпреварува.

Бодовите од екипите и индивидуалните натпреварувања се додаваа на вкупниот број бодови на синдикалната подружница.

За секоја поединечна игра имаше прво, второ и трето место, односно 5, 3 и 1 поен. соодветно.

ГЛАВНИОТ ПЕХАР

За најуспешна синдикална подржница на Агро-Синдикат на Агро-Игри 2023 го освои подружницата при СЕКЕ ПРИЛЕП со освоени 40 поени и 12 пехари (5 први места, 4 втори места и 3 трети места).

Со само 2 поени помалку во борбата за главниот пехар беше подружницата на Агро-Синдикатот при МЛЕКАРА БИТОЛА со освоени 38 поени и 10 пехари (5 први места, 4 втори места и 1 трето место)

Со само 2 поени помалку во борбата за главниот пехар беше подружницата на Агро-Синдикатот при МЛЕКАРА БИТОЛА со освоени 38 поени и 10 пехари (5 први места, 4 втори места и 1 трето место)

СП при  СТРЕЖЕВО БИТОЛА освои 18 поени и 4 пехари (3 први места и 1 трето место)

Сп при  ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП освои 12 поени и 6 пехари (1 прво место, 1 второ место и 4 трети места)

СП при ВОДОСТОПАНСТВО СКОПЈЕ освои 11 поени и 5 пехари (3 втори места и 2 трети места)

Сп при  ПЕЛАГОНИЈА БИТОЛА освои 8 поени и 4 пехари (2 втори места и 2 трети места)

АГРО-СИНДИКАТ освои 8 поени и 4 пехари (1прво место и 3 трети места) за што несебично помогнаа Благица, Мартина, Валерија, Вангелица, Жарко, Орце и Миќо.

За најуспешен индивидуален допринос беа доделени благодарници на Оливера Гулабовска од СП при Млекара Битола и Благица Ицоска од СП при СЕКЕ Прилеп

Кој се грижеше за игрите?

Комисија и судии

За правилно одвивање на игрите се грижеше комисијата составена од Игор Китаноски, Коста Малзарков и Живко Гурабиевски.

Игрите на терен ги следеа и судиите Миќо Стојановски, Драган Момироски, Јован Договски и Орце Ангелов.

И тоа не е се! Наскоро очекувајте детални и интерактивни информации за секоја одделна дисциплина.

Останати вести

“онлайн-казино С Моментальным Выводом Денег Проверенные Сайты С Быстрыми Выплатами На Карту, Топ Игровые Автоматы в 2025 Году

Онлайн Казино пиппардом Моментальным Выводом денежек И Гарантией выплат Content Честные И непонятные Условия Игры Проверенные Игровые Автоматы С добрыми

Повеќе »