ЛЕССНО

“Градење на одржливи граѓански организации преку соработка и стратешко управување со лобирање со цел зголемена партиципативност во политиките и донесувањето на одлуки”- ЛЕССНО

Европски Проект РЕФ. Бр: 12-8664/1
Овој проект беше поддржан од Европската Унија, Европската Комисија, Понатамошен развој и финансиска стабилност на цивилното општество” Време за исполнување: 21/11/2015 – 21/02/2017
За проектот
Цели на проектот
Да се поддржи одржливоста на граѓанскиот сектор преку подобро партнерство и соработка меѓу граѓанските здруженија и синдикатите.
Да се подобрат нивните вештини и знаења за застапување и стратешко управување преку лобирање со цел да се подобрат условите за заедничко донесување одлуки и креирање на политики на локално и на национално ниво, за застапување и стратешко управување со лобирање на граѓанските организации во ЛЕСС.
Анализа на состојбата: Анкета за оценување на учеството и соработката меѓу граѓанските организации во воспоставените ЛЕСС и идентификација на недостатоците во процесот, ниво на застапување/ вештини за лобирање и колку тие се применуваат. Информирање и распространување на проектните резултати: Национална конференција за валоризација на достигнувањата на проектот
Резултати
- Комплетна слика на состојбата во локално-економските совети – ЛЕСС.
- Подобрени вештини за застапување и стратешко управување со лобирањето на граѓанските организации во ЛЕС преку 5 обуки – обучени 120 учесници и 25-30 општински службеници кои се вклучени во процесот на ЛЕСС вклучени во обуките,
- Организирани 4 работилници,
- Развиена Стратегија за лобирање и вклучување на граѓанските организации во ЛЕСС,
- Објавено Упатство за стратешко управување со лобирањето за граѓанските организации со влијание врз локалниот социјален економски развој.
Целни групи
- Општините во Македонија;
- Тела за регионален развој;
- Социјалните партнери;
- Владините институции кои се вклучени во процесот на градење на социјалниот дијалог на национално и локално ниво, здруженија на граѓани и граѓани, медиуми и др.
Активности
Промотивен настан на проектот Состаноци со фокус групи:
- Фокус група – ЛЕС Куманово
- Фокус група – ЛЕС Гостивар
- Фокус група – ЛЕС Прилеп
- Фокус група – ЛЕС Штип
- Фокус група – ЛЕС Тетово
- Фокус група – ЛЕС Струмица
- Фокус група – ЛЕС Ресен
Анализа на состојбата во локално-економските совети
ЛЕСС Методологија
Брошура – Нов практиен водич за лобирање
4 Работилници/Обуки
Завршна конференција